ВИДЕО: Минхен „грми“, навивачите на Интер го преплавија градот!

Навивачите на Интер веќе го „преплавија“ Минхен и го очекуваат финалето во Лигата на шампионите против францускиот ПСЖ. 

Околу 20.000 фанови на „нероаѕурите“ пристигнаа во Германија да им дадат огромна поддршка на своите миленици кои ќе се обидат да го освојат четвртиот елитен трофеј во својата историја. 

Засега нема информации за посериозни инциденти, а органите на редот се на висина на задачата и ги „држат“ навивачите на двата тима во одредени зони низ градот.