• четврток, 19 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Изречени 180 сообраќајни прекршоци вчера во Скопје

Изречени 180 сообраќајни прекршоци вчера во Скопје

Скопје, 5 јуни 2025 (МИА) - Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден на територија на град Скопје изрече вкупно 180 мерки, меѓу кои за непрописно паркирање 90 санкции, 15 мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, девет санкции за возење без возачка дозвола.

-Изречени се 10 мерки за користење мобилен телефон при возење, 15 санкции за некористење сигурносен појас, шест мерки за прекршоци што ги прават пешаците, пет санкции за недавање првенство на минување на пешаци..., соопшти денеска МВР.

Сообраќајните контроли, како што велат од МВР, продолжуваат и во наредните денови. Оттаму со апел до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и заедно да се придонесе за посигурни патишта. дма/сст/

Фото: МИА архива

Остани поврзан