Директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов вчера во дебатна емисија го постави прашањето „Кога Русија ѝ помогнала на Македонија“ до претседателот на МААК и советник во Советот на Град Скопје, Страшо Ангеловски.
-Сакам да ги слушам бајките на Страшо ама не кажа кога досега Русија во историјата ни помогнала. Гледам дека ги баратате години и вековите…, рече Ангелов во емисијата „Само вистина“.
На тоа, Ангеловски порача:
-Mногу различно е царска Русија и Советскиот сојуз… Сите ми велат зошто сите одат на печалба на Запад. Кога одеа на духовна печалба, одеа во Русија и Санкт Петербург. Таму се формираа македонските друштва и оттаму работеа браќата Миладиновци, Чуповски и останатите. Сега кога се оди по материјални богатства, се оди во земјите-колонизатори кои уживаат во тие богатства затоа што ги краделе од кутрите Африканци и Азијци…
Ангелов потоа го праша Ангеловски „дали смета дека Русија никогаш не посегнала по туѓото и дека само своето го користи“, на што Ангеловски рече „во принцип, да“.
-Ова во Украина, си го враќа своето, тоа нејзино е?, праша директорот на ДЗС, по што Ангеловски му кажа „да не навлегуваме понатаму“.