Напредок во културната соработка: Средба на министерот Љутков со јапонскиот комесар Шуничи Токура во Кјото


Министерот за култура и туризам Зоран Љутков, кој е дел од владината делегација која е во посета на македонскиот павилјон во рамките на „ЕКСПО 2025“ во Осака, Јапонија, вчера во Кјото, заедно со Игор Јанушев, генерален секретар на Владата на Македонија, и Андријана Цветковиќ, прв амбасадор на Македонија во Јапонија, оствари работна средба со комесарот за културни врски на Јапонија, г. Шуничи Токура.

На средбата, која помина во срдечна атмосфера, беа разгледани можностите за унапредување на соработката во областа на културата и туризмот меѓу двете земји. Љутков и Токура изразија подготвеност за дефинирање конкретни идни активности што ќе придонесат за зближување на македонскиот и јапонскиот народ преку културна размена и туристичка промоција.


Во тој контекст, министерот Љутков потсети дека минатата година во Скопје беше потпишан билатерален документ кој, како што истакна, претставува значаен импулс во продлабочувањето на културните врски меѓу Македонија и Јапонија.

„Меморандумот претставува прв билатерален договор во оваа сфера меѓу нашите држави и има цел да овозможи поблиско запознавање и соработка на двете култури и чекор што отвора нови хоризонти за креативна размена, заеднички проекти и долгорочно пријателство“, потенцираше Љутков.


На средбата Љутков подвлече дека меѓународната соработка и презентација на вредностите на македонската култура се приоритет во културната политика на Владата и на Министерството за култура и туризам. Во таа смисла, тој укажа дека нашата држава и во иднина ќе настојува континуирано да биде присутна на големите настани во Јапонија, вклучително и да организира и комплексни манифестации преку кои ќе ѝ се овозможи на јапонската јавност да се запознае со нашите автори, репродуктивни уметници, нашето творештво и културно наследство.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) Побогат од Бекамови – Богатството на кралот Чарлс оваа година е во значителен пораст: Причината е наследството од неговата мајка

Вкупното богатство на британскиот крал Чарлс се зголемило за 30 милиони фунти минатата година на …