Четворица кавадарчани не запрале на даден знак „стоп“ од полицаец, во возење од возилото исфрлиле марихуана

Објавено на 5 октомври, 2023 во 12:56

Полициски службеници од Полициска станица Кавадарци, вчера, во 20:45 часот, ги лишеле од слобода триесет и шест годишниот Д.А, три години помладите М.А и А.Ј и дваесет и пет годишниот Д.Б од Кавадарци. Како што информира Сектор за внатрешни работи Велес, кавадарчаните на патот од село Марена кон Кавадарци, добиле знак за запирање од полициски скужбеник но тие со возилото „ „опел астра“ без регистарки ознаки, кое го управувал Д.А., а останатите лица биле сопатници, не запрале и продолжиле да возат.

-Возилото не застанало и во движење од возилото била исфрлена марихуана, која била пронајдена и одземена. Набргу, на влезот од Кавадарци, возилото било запрено а лицеата биле лишени од слобода, додаваат од СВР Велес.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.