Свет Турција

Ердоган: Барањето на Курдите Сирија да усвои децентрализација на власта е само сон

Повикот за децентрализирана структура на владеење веднаш беше отфрлен од сириските исламистички лидери.

Ердоган: Барањето на Курдите Сирија да усвои децентрализација на власта е само сон

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска ги отфрли барањата на курдските групи во Сирија оваа соседна земја да усвои децентрализиран систем на владеење, велејќи дека тоа е „ништо повеќе од нивни сон“.

Британските медиуми јавија дека соперничките сириски курдски партии, вклучувајќи ги и Сириските демократски сили (СДФ) на североисток, на средба во саботата се согласиле да усвојат заедничка политичка визија за курдското малцинство во земјата.

Повикот за децентрализирана структура на владеење веднаш беше отфрлен од сириските исламистички лидери.

„Прашањето за федерална структура не е ништо повеќе од сон. Нема место во сириската реалност. Ги советувам (Курдите) да не сонуваат за федерална структура или да донесуваат одлуки што ќе го загрозат регионот, туку да преземат чекори што ќе послужат за стабилноста на регионот“, рече Ердоган.

Тој истакна дека Турција нема да дозволи никаква принудна структура веднаш до нејзината надворешна граница, освен на обединета Сирија, мислејќи на границата долга 911 километри што ја дели Турција и Сирија.

Турција ги смета СДФ, кои се поддржани од САД, за терористичка организација. (МИА)

To top