Возило излета од патот, млада девојката тешко повредена

Вчера во 22.40 часот во СВР Струмица било пријавено дека на регионалниот пат Валандово-Струмица, на делницата од крстосницата за село Куклиш, струмичко,

до крстосницата за село Раборци, струмичко, патничко возило „фолксваген поло“ со валандовски регистарски ознаки, управувано од 25-годишната В.К. од село Собри, валандовско, излетало надвор од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката И.П.(24) од с.Собри, валандовско, констатирани во Медицинскиот центар Струмица.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Струмица.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде