16.05.2025 04:02
Ракомет Спорт

Милошевски: Го дадовме максимумот за ракометот, се надевам и натаму ќе остане спорт број 1

Новиот управен одбор на Ракометната федерација на Македонија денеска го имаше својот прв состанок. По 12 години, позицијата генерален секретар на напушти Филип Милошевски, кој беше еден од најблиските соработници на сега веќе поранешниот претседател, Живко Мукаетов. Тој доби и специјална благодарница од новиот претседател Александар Стефанов. Со објава на социјалните мрежи Милошевски се заблагодари на сите за соработката во изминатиот период

„Почитувани Пријатели.

Ве информирам, мандатот на функцијата Генерален Секретар на РФМ го завршувам со денешниот ден .

Чест, привилегија и задоволство е да се биде близок соработник со г-дин Живко Мукаетов … кој за мене лично е пред се визионер , одличен ментор и вистински лидер , кој несебично се вложува во секој сегмент во работењето, благодарам

Во 12-те години поминати во институцијата РФМ посветивме многу внимание и труд на сите задачи и предизвици , го дававме максимумот за унапредување и функционирање во сите сегменти на ракометниот спорт, се надевам и верувам дека и понатака со напорна работа, ќе биде спорт број 1 во Македонија

Благодарност до сите колеги во канцеларијата на РФМ и соработници ,…..останувам во енергетиката каде сум присутен скоро 25 години ,воедно упатувам благодарност и до мојот претпоставен г-дин Андреја Јосифовски кој ми даваше подршка за време на ангажманот во РФМ .

И секако …големо благодарам до моето Семејство за подршката во изминатите 12 години.

До следните предизвици …секогаш со за Македонија

Спортски поздрав!“, напиша Милошевски на својот профил на Фејсбук.

По предлог на претседателот Стефанов, за в.д. генерален секретар е назначен досегашниот директор на репрезентацијата Влатко Тасевски.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: ТФТ го совлада Работнички и поведе со 2:0

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Фудбалерките на Љуботен триумфираа во Купот на Македонија

Дејан Дејан

Одбојкарите во полн состав утре ги почнуваат подготовките за Златната лига

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе