Стилизираниот циркус на Армани

24 февруари 2023

Новата колекција на Армани, прикажана на актуелната Миланска модна недела, прикажа како елеганцијата може да биде забавна.

Додека моделите насмеани чекореа по писта, Армани совршено дозираше референци од циркуската естетика во неговата препознатлива софистицираност.

И се покажа како атрактивен спој. Основата е монохроматска, во претежно загасити и темни тонови, но затоа пак деталите се во толку енергичен колорит, што слободно може да забележиме дека се најефетивниот елемент што ја носи целата харизма на оваа линија.

Слоевито богат и во поглед на кроеви и во поглед на ткаенини, овој стилизиран циркус на Армани се задржува на неколку главни поенти: дводелни одела во кроеви каде се среќаваат конвенционалниот и неконвенционалниот стил, мини и миди светкави фустани и карактеристични детали како цветовите позиционирани како брошеви или како накит околу вратот.

Фото: Vogue

 

 

Објавено:
24 февруари 2023
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
225 пати
Тагови: 
Армани колекции