logo
logo
logo

Новаја Газета Европа: Телото на Навални се наоѓа во мртовечницата во болницата во Салехард

Vecer | 18.02.2024

Новаја Газета Европа: Телото на Навални се наоѓа во мртовечницата во болницата во Салехард

По ненадејната смрт на Навални во петокот, неговото тело најпрво било однесено во градот Лабит-Нанги, 36 километри оддалечен од затворската колонија каде што служел 19-годишна затворска казна, а подоцна во петокот, телото било пренесено во Окружната клиничка болница во регионалниот главен град Салехард, каде го чувале двајца полицајци.

„Вообичаено, телата на починатите во затворот се носат директно во Управата за судска медицина на улица „Глашкова“, но во овој случај, поради некоја причина, пренесено е во клиничката болница“, изјавил болничар во итната помош во Салехард. Причината за смртта на Навални и денеска е нејасна, а остана нејасно и кога властите ќе му го дадат телото на неговото семејство.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk