Поврзете се со нас

Македонија

Албанскиот стручњак Шкемби ќе ја предводи Струга во новата сезона

Објавено

на

Фото: https://www.facebook.com/Fcstruga

Фудбалскиот клуб Струга денеска го промовираше Бледи Шкемби за нов тренер и официјален наследник на досегашниот предводник Илчо Ѓорѓиоски.

Шкемби е албански стручњак кој во минатото го водеше тамошниот прволигаш Тирана, а со квалитетот и искуството ќе се обиде да му помогне на тимот од Струга да стигне до остварувањето на амбициите во новата сезона.

Потпишан е договор за двегодишна соработка, а Шкемби во стручниот штаб ќе го доведе и својот сонародник Сабиен Лилајн.

Раководството потврди дека во стручниот штаб остануваат и Меритон Гега и Дејан Лескароски, Дардан Мифтари ќе ги тренира голманите, а Стефан Мечкаровски останува кондициски тренер.

Покрај двата периода во кои ја водеше Тирана, Шкемби во својата земја бил тренер и на Теута и Динамо Сити, додека во Косово работал во Лирија и Балкан. Тој два кратки периоди раководеше и со У17 и У19 селекциите на Албанија.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни