Политика

Адмирал на НАТО: САД нема да го напуштат НАТО, но може да се повлечат од Европа

Извор: Andrea Palasciano/Bloomberg

17 февруари 2025, 14:14

САД имаат околу 100.000 војници низ Европа, а некои од нив може да бидат повлечени

САД имаат поголема потреба од војници на Пацификот

Тоа значи дека Европа ќе мора брзо да ги зголеми одбранбените, финансиските и човечките капацитети

Адмирал на НАТО: САД нема да го напуштат НАТО, но може да се повлечат од Европа

Bloomberg Mercury

САД веројатно ќе ја задржат својата посветеност на НАТО, иако може да го намалат присуството на војници во Европа бидејќи нивните приоритети се префрлаат на индопацифичкиот регион, рече висок претставник на Алијансата.

Адмиралот Џузепе Каво Драгоне, кој минатиот месец ја презеде функцијата претседавач со Воениот комитет на Северноатлантскиот сојуз, зборуваше на маргините на Минхенската безбедносна конференција, каде што европските лидери разговараа со новата администрација на претседателот Доналд Трамп, вклучувајќи ги и изгледите за слабеење на безбедносната заштита од страна на САД.

„САД нема да се повлечат од НАТО“, рече Каво Драгоне, италијански поморски офицер, во интервју во Минхен. „Но повлекувањето на дел од 100.000 војници стационирани во Европа би можело да биде на дневен ред поради некои обврски што САД ги имаат далеку одовде, во Пацификот“, рече тој. „Сепак, мислам дека нема да има огромен број Американци што ќе си отидат од Европа“, рече адмиралот.

Каво Драгоне, италијански поморски офицер Bloomberg Mercury
 

Министерството за одбрана на САД не одговори на барањето за коментар.

Европската безбедност беше најважна тема на собирот во главниот град на Баварија, особено прашањето како да се реши тригодишната руска војна против Украина. Европските и украинските лидери беа затекнати од планот на Трамп да се сретне со претседателот Владимир Путин.

Каво Драгоне се приклучи кон мноштвото членки на НАТО во Европа, повикувајќи на зголемени трошоци за одбрана, признавајќи дека промената на приоритетите на САД значи дека континентот треба да ја зајакне нивната воена сила.

„Постои еден вид нерамнотежа, така што треба повторно да воспоставиме баланс“, рече адмиралот, нарекувајќи ја идејата дека Европа не е во состојба да се одбрани како „богохулие“.

„Секое американско повлекување од Европа мора да биде прифатено од НАТО со оперативен став“, рече Каво Драгоне, додавајќи дека војските во регионот треба да бидат способни да ја пополнат празнината.

Европа треба брзо да ги зголеми трошоците за одбрана за да се справи со руската инвазија во Украина, изјави литванската министерка за одбрана Довиле Сакалиен.

„Треба брзо и многу да трошиме на одбраната, и тоа уште веднаш треба да се потрошат дури стотици милијарди“, рече Сакалиен во интервју за ТВ „Блумберг“.

Сакалиен зборуваше пред состанокот на европските лидери во Париз, откако францускиот претседател Емануел Макрон повика на итни разговори за Украина и за безбедноста на блокот. Разговорите доаѓаат во време кога американските и руските претставници треба да се сретнат во Саудиска Арабија во наредните денови за да започнат преговори за ставање крај на руската инвазија на Украина.

Европските власти работат на нов голем пакет за зголемување на трошоците за одбрана и поддршка на Киев додека претседателот Доналд Трамп се залага за брз крај на војната во Украина. Сакалиен рече дека сè уште се работи на деталите од планот и одби да зборува повеќе, додавајќи дека ЕУ „гради брод на кој ние веќе пловиме“.

„Сознанието дека САД нема да ја бранат Европа, туку Европа ќе се брани сама со помош на САД, драматично ќе ја промени безбедносната средина на Европа. Тоа значи дека сите ќе треба брзо да дејствуваме, вклучувајќи ја и Германија“, рече таа.

Вашата претплата не може да се зачува. Ве молиме обидете се повторно.
Вашата претплата е успешна.

 

Во моментов нема коментари за веста. Биди прв да коментира...

Сите новости од рубриката Политика

Политика

сите новости од рубриката Политика

Регистрирајте се за да продолжите со читање. Регистрирајте се

Продолжете со читање со одбирање на една од опциите подолу

БЕСПЛАТЕН НАЛОГ

Прочитајте го овој и уште четири други текстови (не се однесува на премиум текстови)

Бесплатен билтен

Регистрирај се

Претплата

Неограничен пристап до премиум содржина на сите 5 портали

Неограничен пристап до ТВ и видео содржина

Ексклузивни приказни и анализи од Businessweek Adria

Истражете ги понудите

Активирајте уште една бесплатна статија и продолжете со читање.

Отклучи сега

Искористивте еден бесплатен текст.

Го цениме вашиот интерес за веродостојни информации. Активирајте уште една бесплатна статија и продолжете со читање.

Отклучи сега

Искористете ја ексклузивната понуда денес! Читајте неограничено за 1 € неделно.

Добијте неограничен пристап денес

Продолжете

Искористете ја ексклузивната понуда денес! Читајте неограничено за 1 € неделно.

Истражете ги понудите

Вашите конкуренти веќе го знаат ова. Дали ќе останете тивки?

Приклучете се сега за само 11 € месечно!

Истражете ги понудите