Шпански тим забрани грицкање на сончоглед на стадион: Трошоците за чистење се големи, а се собираат и штетници

Шпанскиот тим Елче забрани јадење на семки и сончоглед на својот стадион. Клубот објави дека во иднина ќе биде забранета продажбата и конзумирањето на семки на „Мартинез Валеро“.

Во последните години широката употреба на семките донесе проблеми, односно лушпите ги затнуваат одводите, ги оштетуваат седиштата и имаат негативно влијание врз бојата, потоа се зголемуваат трошоците за чистење и одржување, а исто така привлекуваат и штетници – стаорци и гулаби, и се загрозува состојбата на трибините.

И покрај постојаните напори на чистачите на клубот, невозможно е целосно да се отстрани ѓубрето по секој натпревар. Лушпите, исто така, придонесуваат за ерозија на бетон и акумулација на остатоци на тешко достапни места.

Оваа одлука не е насочена кон казнување на навивачите, туку кон одржување на заедничката зона во најдобра можна состојба. Елче , вклучен во процес на сеопфатно подобрување на својот стадион, повикува на колективна одговорност за зачувување на „Мартинез Валеро“ како пример за учтивост, почит, чистота и гордост во зелено-белите бои.

„Клубот е благодарен за разбирањето на навивачите кои ја препознаваат важноста на одржувањето пристојни услови во кои фудбалот може да се ужива безбедно и удобно“, се вели во соопштението на клубот.

Се вчитува...