Македонија

Рекорден пад на бројот на дипломирани студенти во Македонија

Автор: Владимир Николоски

28 мај 2025, 06:30

Рекорден пад на бројот на дипломирани студенти во Македонија

Bloomberg Businessweek Adria

Владимир Николоски

На македонските факултети во текот на минатата година дипломирале 7.021 студент, што е убедливо најмал број во изминативе петнаесетина години, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Станува збор за значителен пад на бројот на дипломци ако се земе предвид дека во првите десет години од овој милениум бројот на дипломци во текот на една година често надминуваше 10.000 лица.

Статистиката покажува дека од 2009 година наваму има континуиран пад на бројот на дипломирани студенти. Меѓу главните причини за ваквиот биланс се иселувањата и негативниот природен прираст.

 

Децата ни се раѓаат во странство

Вкупниот број македонски државјани што денес престојуваат во странство може да се процени на најмалку 700.000 лица, покажува публикацијата за миграциите во Македонија на Државниот завод за статистика (ДЗС). Во неа се додава дека според стапката на емиграција во 2019 година (која е проценета на околу 25 проценти), Македонија е во групата на првите дваесет земји во светот со најголема емиграција во странство.

Во периодот по 2009 година уште понагласено е влијанието на емиграцијата врз порастот на населението во Македонија и поради трендот на пораст на бројот на децата родени во странство. Тој кореспондира со порастот на семејната миграција, а со тоа и на бројот на жените, кои се придружени со пораст на бројот и учеството на жените на фертилна возраст (15-49 години) и на жените на оптимална репродуктивна возраст (20-34 година). Во периодот 2009-2019 година бројот на родените во странство се зголемил од 3.510 на 5.187 деца или за 47,8 проценти. Истовремено, учеството на родените во странство во вкупно родените во земјата од 14,8 проценти (2009) достигна повеќе од една четвртина, или 26,1 проценти (2019 година). 

„Во овој временски интервал надвор од земјата биле родени 48.658 деца, што претставува двегодишен наталитет на земјата и 19,5 проценти од вкупно родените (250.061 дете) во Македонија“, пишува во публикацијата.

 

За пет години згаснале 45 училишта

Во основното образование, од година на година се намалува бројот на влезната генерација, како и вкупниот број ученици. Учебната 2024/2025 година почна за 245.000 ученици во основните и средните училишта, бројка што е намалена за 17.000 во последните седум години. Во истиот период бројот на првачиња е намален за околу 3.500 илјади. 

Бројот на основни училишта во Македонија се намалил од 1.042 во учебната 2018/2019 година на 1.000 во учебната 2023/2024 година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Во истиот период, бројот на средни училишта се намалил од 138 на 135.

„Исчезнаа“ 165.000 лица од активното население

За нешто повеќе од 165.000 лица е намален бројот на активното население во Македонија во периодот од 2018 до 2023 година. Тоа само ги потврдува предупредувањата на бизнис-заедницата дека нашата земја веќе извесен период се соочува со недостиг од работници. Поради иселувањата и намалениот наталитет станува извесно дека во иднина во Македонија буквално нема да има кој да работи.

 

Всушност нашето неодамнешно истражување покажа дека голем дел од македонските работници лебот го вадат во Германија. Вкупниот број македонски државјани регистрирани како странци што живеат во Германија заклучно со декември 2023 година изнесувал 156.845 лица, што е двојно повеќе отколку пред десет години, кога во оваа земја имало околу 77.000 лица од Македонија, покажуваат податоците на германскиот Федерален завод за статистика.  Само во изминативе пет години (од 2019 до 2023 година) бројот на македонски граѓани евидентирани како странци во Германија се зголемил за повеќе од 41.000 лица.

Вашата претплата не може да се зачува. Ве молиме обидете се повторно.
Вашата претплата е успешна.

Во моментов нема коментари за веста. Биди прв да коментира...

Сите новости од рубриката Економија

Годишнина од војната во Украина: Колку е отпорна „силно прегреаната“ руска економија?
Свет

Годишнина од војната во Украина: Колку е отпорна „силно прегреаната“ руска економија?

„Има многу аларми и голем број симптоми што укажуваат дека не е далеку сериозна криза за руската економија“, вели Денис Манцевич, експерт за руската економија.

24.02.2025

Автор: Mihael Šmirmaul

Економија

сите новости од рубриката Економија

Регистрирајте се за да продолжите со читање. Регистрирајте се

Продолжете со читање со одбирање на една од опциите подолу

БЕСПЛАТЕН НАЛОГ

Прочитајте го овој и уште четири други текстови (не се однесува на премиум текстови)

Бесплатен билтен

Регистрирај се

Претплата

Неограничен пристап до премиум содржина на сите 5 портали

Неограничен пристап до ТВ и видео содржина

Ексклузивни приказни и анализи од Businessweek Adria

Истражете ги понудите

Активирајте уште една бесплатна статија и продолжете со читање.

Отклучи сега

Искористивте еден бесплатен текст.

Го цениме вашиот интерес за веродостојни информации. Активирајте уште една бесплатна статија и продолжете со читање.

Отклучи сега

Искористете ја ексклузивната понуда денес! Читајте неограничено за 1 € неделно.

Добијте неограничен пристап денес

Продолжете

Искористете ја ексклузивната понуда денес! Читајте неограничено за 1 € неделно.

Истражете ги понудите

Вашите конкуренти веќе го знаат ова. Дали ќе останете тивки?

Приклучете се сега за само 11 € месечно!

Истражете ги понудите