Дајо Упамекано и Баерн Минхен се во завршна фаза од преговорите за продолжување на соработката која трае до крајот на сезоната во 2026 година, открива доборупатениот Фабрицио Романо.
Преговорите траеа подолг период, но сега се надминати пречките за продолжување на верноста па сега остануваат само да бидат одредени детали за договор кој се очекува да биде активен до 2030 година.
Францускиот стопер е дел од Баерн Минхен од 2021 година каде пристигна по успешните настапи за Лајпциг. Претходно настапуваше и за Салцбург и Лиферинг.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА