Младиот италијански возач на Мерцедес, Кими Антонели, испиша историја, станувајќи најмладиот возач што ја освоил пол-позицијата.
Италијанецот направи вистинска сензација во квалификациите за втората спринт трка во сезоната, која се одржува во рамките на Големата награда на Мајами.
Со брилијантен круг од 1:26.482, Антонели ја постигна пол-позицијата на 19 години, што никогаш не го постигнал никој, сметајќи ги Гран При или спринт трките.
Тој славеше пред Оскар Пјастри и Ландо Норис. Единствениот што двапати излезе на патеката беше Макс Верстапен, кој имаше најдобро време до самиот крај на квалификациите, но на крајот беше претекнат од тројца возачи.
We can't wait! 🤩
Here's your exciting Sprint starting grid 👇#F1 #F1Sprint #MiamiGP pic.twitter.com/9tijmsvAAz
— Formula 1 (@F1) May 2, 2025
Зад водечкото трио и Верстапен на четвртото место се најде Џорџ Расел во Мерцедес. Возачот на Ферари, Шарл Леклер, беше шести пред Луис Хамилтон.
Спринтот за Големата награда на Мајами се одржува вечерва од 18:00 часот, а потоа викендот продолжува со квалификации.
Трката во недела започнува утре во 22 часот.