Летото е создадено за уживање. Сонце, плажа, долги прошетки, море, ѕвездени ноќи, романтика. А кога жената сака да ја покажe својата сензуалност и женственост на сцена стапуваат летните фустани.
Ова лето е во знакот на карнерите, романтичен детаљ, што го разигрува и најобичниот ден и ја прави ноќта поромантична.
Елегантно парче облека коe има долга историја, од викторијанското време и фламенко фустаните во Шпанија, па сè до разиграните 80-ти.
Фустаните со времето се прилагодуваа кон различните модни трендови. Популарни беа и во 2000-те, а сега таа модна ера повторно се враќа.
Може да се комбинираат во зависност од приликата, а ги има во повеќе различни модели.
Карнерите може да даваат волумен, ако се повеќеслојни, да ја издолжуваат фигурата, да создадат модерен вајб ако се асиметрични.
За лежерен изглед комбинирајте ги со патики, рамни сандали, додека за вечерни прилики одберете потпетици и црна или неутрална боја на фустан.
За посмелите тука се јаките бои и дезени.
Фото: Pinterest