Скопје

Ѓорѓиевски: Хуманитарни пакети за семејства од социјален ризик за Велигден

Во пресрет на големиот христијански празник Велигден, градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, заедно со Отец Оливер, пратеничката Бети Стаменкоска Трајкоска, претседателката на Советот Светлана Колариќ и претставници од неговиот тим, реализира посета на семејства од социјален ризик од општината. На овие семејства им беа доделени пакети со прехранбени производи, со цел да им се помогне и да им се овозможи достоинствено одбележување на претстојниот празник.

Ѓорѓиевски: Хуманитарни пакети за семејства од социјален ризик за Велигден

​Во пресрет на големиот христијански празник Велигден, градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, заедно со Отец Оливер, пратеничката Бети Стаменкоска Трајкоска, претседателката на Советот Светлана Колариќ и претставници од неговиот тим, реализира посета на семејства од социјален ризик од општината. На овие семејства им беа доделени пакети со прехранбени производи, со цел да им се помогне и да им се овозможи достоинствено одбележување на претстојниот празник.

– Христос нѐ учи како да сакаме, да шириме среќа, да бидеме хумани и секогаш да ја подаваме раката за помош на својот ближен.

Во очекување на најрадосниот ден за нас Христијаните – Воскресението, најважно е истата таа радост да ја споделиме и со другите, да си помагаме кога е најтешко и да бидеме заедно во добро и во лошо.

Голем ден е пред нас, а човечката големина се покажува со дела.

Токму затоа, денес заедно со Отец Оливер, пратеничката Бети Стаменкоска Трајкоска, претседателот на Совет Светлана Колариќ и мојот тим, посетивме семејства од социјален ризик од нашата општина на кои им поделивме пакети со прехранбени продукти и се потрудивме со нашето мало внимание да им го разубавиме празникот.

Да знаат дека не се сами, да знаат дека мојата рака секогаш ќе биде нивна поддршка и во убавите, но и во тешките времиња.Сите заслужуваат топол дом и празнична трпеза и јас, онолку колку што можам ќе бидам тука за мојот народ.

Мојата порака до сите е да се стремиме да бидеме уште подобри луѓе, да си помагаме и да си подаваме рака, секаде да пристапуваме со добрина и љубов бидејќи тоа е највозвишената човечка особина.

На тоа, нѐ учи нашиот Бог.

Големо благодарам до Отец Оливер и Хуманитарната организација ,,Свети Спас” од Драчево и на волонтерите, со која уште од самите почетоци соработуваме и сме заедно.

Заедно, за сите на кои им е потребно. Браќа и сестри, да менуваме преку хуманоста!

Да сте ми здрави и живи, изјави градоначалникот на Општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски.

To top