ФАКТОР НА ДЕНОТ: Граѓаните во петок ќе ги бојкотираат маркетите по примерот на Хрватите

Објавено во: Економија 28 Јануари, 2025 21:43
ЗА ПЕТОК Е НАЈАВЕН БОЈКОТ НА МАРКЕТИТЕ
Трендот од регионот за бојкотирање на маркетите се пренесува и кај нас. Во моментот се најавуваат бојкоти на маркетите од страна на граѓаните по социјалните мрежи.
Македонскиот инфлуенсер Божидар Божиновски, на неговиот профил на Фејсбук објави повик во петок на 31. јануари граѓаните во Македонија да ги бојкотираат големите маркети поради скапотијата.
-Подобро би било да се избегнуваат големи ланци и оние кои ги диктираат (договараат) цените, место тоа да се купува во семејни и мали, маалски продавници на подолг рок. Ланците немаат да пропаднат од еден ден, а на малите им менува многу, цели семејства живеат од една продавница.За лидерот на СДСМ, Венко Филипче најавениот бојкот на маркетите е најголем пораз на погрешните политики на власта.
МИЦКОСКИ ОТКРИ КОЛКУ ЗАРАБОТУВААТ НЕГОВИТЕ СОВЕТНИЦИ
Премиерот Христијан Мицкоски има 17 советници, а нивните хонорари изнесуваат 60.000 денари.
Мицкоски денеска информираше дека има 17 советници, од кои четворица се со полно работно време во Владата. Тие добиваат по 90.000 денари. Мицкоски вети дека имињата ќе бидат објавени.РЕВИЗОРИТЕ ИМААТ ЗАБЕЛЕШКИ ЗА РАБОТЕЊЕТО НА ПИОМ
Државниот завод за ревизија во денешниот извештај открива дека Управниот одбор на Фондот за пензиско осигурување го именувал за в.д.директор Дритан Беџети, кадар на Алтернатива на Африм Гаши, без согласност од Владата.
Беџети така работел од јуни 2022 до март 2023, кога Владата „се сетила“ да не даде одобрување на неговиот избор и бил поставен нов директор.
ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Од 1 април завршува грејс периодот од две години што го добил „Номагас“ како акционерско друштво во државна сопственост помеѓу два циклуси на отплата на долгот од 90 милиони евра кон Дојче и Ерсте банк за изградба на магистралните гасоводи Штип - Неготино - Битола и Скопје - Тетово - Гостивар. . Договорот во 2015 година го потпиша тогашниот министер за финансии Зоран Ставрески, а тој вклучуваше и можност парите да се користат за државна поддршка.Дали Македонците решија дека не сакаат да се задолжуваат за некои небитни дневни трошења, туку само за нивни лични и семејни инвестиции.
Можеби ќе ве интересира
„НЕ Е 100 ПРОЦЕНТИ МЛЕЧЕН ПРОИЗВОД“: нови правила во продавниците во Србија, продавниците мора да ги почитуваат

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДА НОВИОТ ПАТ ДО СВЕТИ НАУМ: При крај е рехабилитацијата

„ИЛИ МЕ МРЗАТ МЕНЕ ИЛИ АМЕРИКА, НАЈЛОШАТА ОДЛУКА ЗА НАШАТА ЗЕМЈА“: Трамп бесен по блокадата на царините

„КУПУВАЈТЕ ЗЛАТО И НАФТА ЗА ДА ГИ ЗАШТИТИТЕ ИНВЕСТИЦИИТЕ ОД РИЗИК“: Голдман Сакс со вакви совети
ВАШАТА СМЕТКА ВО РЕСТОРАНОТ ЌЕ ОСТАНЕ ПОТПОЛНО ИСТА, НЕМА ПОЕВТИНУВАЊЕ - од идната година Германија го намалува ДДВ за угостителски услуги, што тоа ќе донесе

КОЈ САКА ДА БИДЕ ПОЖАРНИКАР? Се отвараат 400 работни места за оваа позиција во Македонија

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кои се ТОП 15 македонски компании за производство софтвер?

ПРИЛЕПСКА „ВИТАМИНКА“ ЌЕ ДЕЛИ ДОБРА ДИВИДЕНДА, НА „МАСА“ СЕ НАД 430 ИЛЈАДИ ЕВРА - има шестмина поголеми акционери, ќе ги земат овие суми

НА ВИСОКА НОГА? Во МЕПСО ново зголемување на платите, овој пат за 11,5 отсто
