„Бомба“ од Охрид: Најдобриот шпански дефанзивец доаѓа крај езерото!

ГРК Охрид детонира трансфер „бомба“, бидејќи се пофали со огромно засилување за следната сезона, можеби и најголемо досега. 

Нов член на Охрид ќе биде Ориол Реј Моралес, ракометар со дефанзивни карактеристики кој доаѓа од редовите на Гранолерс. „Гладијаторите“ се пофалија дека Шпанецот потпиша двегодишен договор со клубот. Реј Моралес доаѓа крај Охридското езеро по перфектна сезона во која беше прогласен за најдобар дефанзивец во шпанската Асобал лига. 

31-годишникот пред Гранолерс шест сезони беше дел и од европскиот гигант Барселона со која настапуваше во Лигата на шампионите. Исто така Реј Моралес мина и две сезони во Пау Екс од Франција со кој играше во Европската лига на ЕХФ. 

Во минатото Ориол Реј беше беше младински репрезентативец на Шпанија, минувајќи ги сите генерации, а во сениорскиот тим многу пати беше на поширок список и забележа настапи само на пријателски натпревари.