Актерот Ед Гејл, најпознат по улогата на хорор иконата Чаки во хорор филмот „Детска игра“ од 1988 година, почина на 61-годишна возраст.
Во потрогателна објава на Фејсбук, внуката на актерот Ед Гејл, Кејси Гејл, ја потврди неговата смрт.
– Ед Гејл последен пат се поклони и сега е главна ѕвезда во задгробниот живот. Ед допатувал во Калифорнија кога имал дваесет години, со 41 долар и сон, и никогаш не погледнал назад. Тој го красеше сребрениот екран во култните класици како Хауард Паторот и Чопер Чикс во Зомби Таун, добивајќи сериозна улична слава на секоја конвенција на која присуствувал. За што не престана да се фали. Никогаш – напиша таа во објавата
Во текот на кариерата се појави во над 130 филмови, ТВ серии и реклами.
Извор потврди за TMZ дека актерот починал во вторникот во болница во Лос Анџелес. Ед глумеше и во култни класици како Хауард Паторот и Чопер Чикс во Зомбитаун, пренесува Дејли Меил.