-->
-->
Германија, Франција и Велика Британија нудат итни преговори со Иран за нуклеарната програма
-->
Германија, Франција и Велика Британија се подготвени веднаш да започнат разговори со Иран околу неговата нуклеарна програма во обид да се намали тензијата на Блискиот Исток, изјави германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул.
– Се надевам дека ова сè уште е можно, изјави Вадефул за германската јавна телевизија АРД – додавајќи дека Техеран претходно ја пропуштил можноста за конструктивни разговори.
Тој нагласи дека деескалацијата и долготраен мир во регионот се можни само ако Иран престане да биде закана за регионот, Израел и Европа.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во Иран уапсени 24 лица поради шпионажа во корист на Израел
-
ИДФ: Иран напаѓа со ракети со повеќе боеви глави
-
Унгарската полиција ја забрани претстојната Парада на гордоста во Будимпешта
-
Нов ирански ракетен напад врз Израел
-
Нова размена на воени заробеници помеѓу Русија и Украина
-
Во Кочани се одржува средба на родителите на починатите во „Пулс“ со обвинителите
-
Беживотно тело пронајдено во водите на Охридското Езеро
-
Поскапува дизелот, цената на бензините останува иста