
Ако во 2023 и 2024 година, отворено говорев и пишувавза слабостите на матурскиот испит и тоа, дека: „Институциите и несоодветниот кадар се виновни за лошо спроведениот матурски испит“. Фактите се следни. Еве зошто!
Што констатирам
Македонскиот образовен систем се уништува самиот себе си. Кој во последните матурски полагања гледам образовен криминал. За пропустите при спроведувањето на испитите не се виновни учениците, туку институциите кои потфрлија.
Македонското образование се наоѓа во една сериозна образовна криза, бидејќи не се поставени правите луѓе на право место. За вакво нешто во нормална-правна држава, министерот си поднесува оставка (таа оставка не ја даде Јетон Шаќири), ниту директорот на Државниот испитен центар (ДИЦ). Кај нас тоа го нема. Нема отчет и одговорност. Одговорност мора да има!
Дали се виновни учениците?
Тогаш и одговорив на поранешната директорка на ДИЦ: „Не, директорке, учениците не се криви, на учениците некој им овозможил. Ние треба да создаваме образовен систем каде што ќе има ВРЕДНОСТ, и каде што ќе не ВРЕДНУВААТ и надвор од Република Македонија“.
Кој овозможи Вибер групи-учениците или институциите?
Во 2023 и во 2024 година, беа откриени Вибер групи, тоа го констатира и изјавува (поранешната) директорката на ДИЦ. Во 2023 година беа откриени Вибер групи и до 7000 членови, наменети за препишување на матурски испити. Иако, од ДИЦ демантираа оти тестовите биле пробиени, во јавноста протече допис, токму од ДИЦ во кој им порачува на одговорните лица кои ги спроведувале тестовите дека предизвикуваат штета на образованието и ги предупредуваат на одговорност?!.
На прашање на новинарите каде го гледам проблемот
На тоа прашање, на новинарите им одговорив дека проблемот го гледам и го лоцирам: „во назначување несоодветен кадар на одговорни позиции, кои не го применуваат и спроведуваат Правилникот за матурски испит, доследно“. Од тие причини: „Мора да има одговорност од ДИЦ, и МОН, зошто не се почитува Правилникот, како треба! Тоа треба да е сериозно прифатено. Не може тестаторите да бидат формални. Постои сомнеж, тестовите се споделувале. Државниот испитен центар (ДИЦ) на ова констатира, дека, не е пробиено, туку споделено (не по врат-по шија). Голема несериозност. И на ДИЦ и на самите училишта, пред се’, на претседателите на матурските училишни комисии и тестаторите“. Воедно, укажував и укажувам, дека, излезните решенија ги гледам во дигитализацијата на методите и системот за спроведување на матурските испити, со цел да се отстрани човечкиот фактор и да се минимизира можноста за злоупотреби, ако тоа не се направи да се постават блокатори“.
За најновите случувања кои се незаконски, полагањето мора да се повтори, бидејќи страдаат оние кои навистина учеле и истите се обезхрабруваат во намерите да се образуваат и да останат да живеат кај нас, во Македонија.
Какви се оценките на државната матура од 2021,2022,2023 и 2024 година
По исказите на Државниот испитен центар (ДИЦ) е дека: „за 2024 година, просечната оценка која ја постигнале средношколците на државната матура е 3,25, на 268 ученици им е поништен испитот поради препишаување… Споредбено со предходната година, постои намалување 3,65 во 2023година, 3,78 во 2022година, и 3,61 во 2021година. И, според поранешната директорка на ДИЦ, која е надлежна институција за споредување на процесот е резултат на заострените мерки при полагањето кои овој пат беа превземени“. Прашање за анализа: Што е превземено и кои заострени мерки? Мојот одговор беше и е ништо не е превземено, ова е уште полошо!. Наместо да сносат одговорност,директорката на ДИЦ и поранешниот министер Јетон Шаќири, никој не одговара за овој образовен криминал. Нема одговорност!
Па да анализираме, што е преземено
Од вкупно 14.834 пријавени, македонски јазик на 1 јуни (2024 година), го полагале задолжително екстерен испит по мајчин јазик, додека на 8 јуни (2024г) се полагало изборен предмет, а тестирањето се спровеле во холови и спортски сали на училиштето, заради поголема прегледност и контрола на наблудувачите над учениците.
Кој е резултатот
По исказот на поранешната директорка на ДИЦ, биле откриени 49 ученици кои за време на решавањето на тестовите користеле мобилни телефони, додека 4 ученици се фатени како препишуваат решенија по предходно добиени одговори на поставените прашања. При оценувањето на тестовите, оценувачите детектирале 175 ученици кои препишувале на тестовите, како и 22 плагијати. На 268 ученици им е изречена мерка поништување на испитот, ќе можат повторно да полагаат во августовскиот испитен рок (2024г.).
Кој е виновен
За ваквата состојба, поранешната директорка на ДИЦ, проблемот го гледа во учениците. НЕ, директорке Михајловска! Ве прашувам: Зошто, не поставивте блокатори (истото го говорев и 2023 година), во просториите каде се изведуваше матурскиот испит? Зошто не е извршена евиденција на учениците со име и презиме, од страна на тестаторите/наблудувачите, контролорите, пред да започне испитот? Зошто не им се одземени мобилните телефони, пред да започне матурскиот испит? Дали тестаторите/наблудувачите им ги објасниле правилата на испитот. Дали ги опоменале? Дали има извештај, пред да започне матурскиот испит за предходните извршени протоколи и укажувања од претседателите на матурската комисија на училиштата?! И сега гледајте ПАРАДОКС, директорката на ДИЦ изјавува: При оценувањето на тестовите, оценувачите детектирале 175 ученици кои препишувале на тестовите, како и 22 плагијати. Директорке, Како детектирале оценувачите. Потребен е доказ, а не сомнеж.Кој од кого препишувале или плагијати. За мене ова е субјективна детекција, сомнеж без доказ!!!Ова е голема навреда кон учениците од страна на „оценувачите“! Има многу прашалници за оговори, но еден одговор е јасен! Директорке сносите ОДГОВОРНОСТ и затоа, веднаш да си поднесете неотповиклива оставка, за овој балкански образовен криминал- СКАНДАЛ!.
Во кои училишта имало прекршување на правилата за полагање?
По исказите на директорката на ДИЦ, најголеми прекршувања на правилата за полагање на државната матура се констатирани во СЕПУГС „Арсени Јовков-Скопје, вкупно 32, потоа СУГС „Панче Караѓозов“-Скопје, каде се изречени 18 мерки, СОУ „*Септември“-Тетово има 14 изречени мерки, за прекршувања на тестирањето се изречени во СОУ „Методија Митевски-Брицо“-Скопје и ЦСНО „28 Ноември“-Дебар. Во СУГС„Цветан Димов“-Скопје, се изречени 12 мерки за остранување од процесот на полагањето на државната матура.
Каде ја лоцирам одговорноста за пропустите и постапката на државната матура
- Надлежни институции се МОН и ДИЦ, кои вземно соработуваат и формираат Државен матурски одбор од 15 члена, во кои има членови од универзитетите, МОН и ДИЦ, кои ја организираат државната матура и се придржуваат и ги насочуваат претседателите и членовите на училишните матурски комисии, тестаторите, наблудувачите и контролорите за постапките за почитување на прописите, согласно Правилникот за начинот на полагање и оценување на резултатите на учениците на испитите во државната матура (Сл.весник на РСМ,бр.52 од 1.03.2024г).
- Согласно член 46 и 47 од Правилникот, само ќе ги потенцирам во следното:„…. Кандидатот кој ги нарушува правилата за полагање од државната матура, може да биде опоменат во текот на испитот, отстранет од испитот, да му биде поништен испитот со забрана за полагање на испитот и во наредниот испитен рок.
Под нарушување на правилата од ставот 1 на овој член, се подразбира:
- Поседување и употреба на недозволен материјал во испитната просторија (хартија, мобилен телефон, и други електронски уреди)
- Несоодветно однесување во текот на испитот( кога кандидатот се обидува да го прекине испитот, кога еден кандидат му пречи на друг кандидат или кога кандидатот упатува закани кон тестаторот или наблудувачот на испитот)
- Размена на информации поврзани со испитот
- Препишување од друг кандидат
- Полагање наместо друг кандидат и слично.
- Согласно член 47 од Правилникот, за нарушување на правилата за полагање екстерни испити од државна матура….
- Тестаторот/ наблудувачот, изречените мерки од ставовите 2 и 3 од членот (зборува на испит, се врти, се обидува да воспостави контакт со друг кадидат, несоодветно се однесува. Тестаторот/наблудувачот изречените мерки ги евидентира во формуларот за идентификација на кандидатот-ПРОТОКОЛ
- Мерките поништување на испит е кога кандидатот поседува недозволиви средства, кои не се пропишани со испитната програма ( хартија, мобилен телефон и други електрични уреди)….
Што констатирам
- Несериозен приод на одговорните на МОН и ДИЦ (министер, директор на ДИЦ);
- Непочитување на Правилникот за постапката и правилата при испитот на државната матура;
- Недоволна кординација и соработка на Државниот матурски одбор (взаемен одбор на МОН и ДИЦ и универзитетски професори) и примена на Правилникот;
- Не се регистрирани и контролирани учениците пред започнување на испитот од државната матура од страна на претседателот и членовите на училишната комисија одговорна за државна матура;
- Не се отстранети недозволените материјали, хартија, мобилни телефони и други електрични уреди од страна на тестаторите/наблудувачите;
- Немање извештај од страна на училишната комисија за отстранување на недозволиви материјали и дали им се отранети и одземени мобилните телефони на тестаторите/наблудувачите и другите комисии;
Каде е вината на учениците – Нема
Вината е во МОН и ДИЦ! Одговорности мора да има за овој образовен скандал!
Останува да видиме: Дали ќе се надминат оваа 2025 година слабостите на матурскиот испит?
На потег се МОН, ДИЦ… ќе следиме. Одговорност мора да има.
Автор: Ѓорѓи Илиевски, Виш просветен инспектор во пензија за НетПрес