Претседателот на партијата „Левица” и пратеник во Собранието Димитар Апасиев, по вторпат стана татко. Неговата сопруга Тамара на свет донесе ќеркичка, а убавата вест ја сподели пресреќниот татко на социјалните мрежи.
– Се роди Сара, фала ви на сите. Ај па и на ваши глави, напиша Димитар Апасиев споделувајќи ја радосната вест.
Нашата редакција до семејството Апасиеви упатува најискрени честитки, со желби за добро здравје, љубов и безброј среќни моменти. Добредојде, Сара!