logo
logo
logo

Унгарската владејачка партија предложи гласање за НАТО кандидатурата на Шведска

Vecer | 20.02.2024

Унгарската владејачка партија предложи гласање за НАТО кандидатурата на Шведска

Фидес ќе ја поддржи ратификацијата, објави денеска на Фејсбук платформата лидерот на пратеничката група Фидес, пренесува Блумберг.

Шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто денеска посочи дека двете земји би можеле да разговараат за продлабочување на соработката во областа на економијата и одбраната доколку шведскиот премиер Улф Кристерсон ја посети Будимпешта.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан во саботата сигнализираше дека парламентот може да ја ратификува шведската кандидатура, додавајќи дека „спорот на Унгарија со Шведска наскоро ќе биде решен“.

Шведскиот министер за одбрана Пал Јонсон ги поздрави плановите на Будимпешта да го ратификува членството на Шведска во НАТО.

Шведска поднесе барање за влез во НАТО во мај 2022 година, по почетокот на руската офанзива во Украина.

По позитивното гласање на Турција, Унгарија останува единствената земја членка на НАТО која не го ратификувала шведското барање за прием во Алијансата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk