Со д-р Васил Чипуровски, информираме за прегледи на внатрешните органи. Низ овие разговори добиваме и стручни медицински информации за многу интернистички заболувања и нивно откривање и понатамошно третирање. За истите постои голема заинтересираност.
Овој пат Д-р Васил Чипуровски зборува за хронични компликации од дијабетес, за што вели:
-Хроничните компликации на дијабетесот или шеќерната болест се микроангиопатии и макроангиопатии. Во микроангиопатии спаѓаат дијабетната нефропатија како последица на нелекуван дијабетес со високи хипергликемии кои прават оштетување на ѕидовите на мали крвни садови и капилари и оштетување на гломерулите со раната фаза и микроалбуминурија од 30-300 мг ден, потоа макроалбуминурија и над 300 мг албумини во урина /ден и пад на ГФР и развој на хронична бубрежна слабост после 7 години и потреба од хемодијализа или бубрежна трансплантација.
Втората компликација од микроангиопатиите е дијабетната ретинопатија со крварења во очниот фундус поради анеуризми и липопротеински депозити во малите крвни садови на ретината кои се честа причина за слепило кај дијабетес, лекувањето е со ласер фото коагулација и контрола на гликемијата.
Третата микроангиопатија е нарушена васкуларизација на периферните и автономни нерви со натрупување на сорбитол хипоксија и нарушување на сензитивност, хиперестезии, дизестезии намалено чувство на вибрации, нарушен од и моторика на екстремитети, автономната невропатија со тахиаритмии,постурална хипотензија, импотенција,
Од макроангиопатиите како последица на хипергликемии,
Втора од дијабетните макроангиопатии е цереброваскуларната болест поради атероматизни промени на каротидни артерии и мозочни и појава на оклузии тромботични мозочни удари поретко хеморагии клинички манифестира и со хемипарези,агнозија,конвулзии ,деменција до кома утврдени со КТ или МРИ ,лекувани со антиедематозна терапија,церебрални вазодилататори.
Третата е периферната васкуларна болест со оклузија на артериите феморална тибијална на нозете и ризик од гангрена и ампутации. Промените почетно се локализирани на стапалото и можат да се невропатски со чувство на топлина, загуба на сензитивност од компресија појава на деформитети и невроангиопатски со појава на улцери по метатарзална плантарна регија на прстите и глуждови безболни правилно тркалезни и длабоки доколку се инфицираат доаѓа до флегмона гангрена и потреба од хируршка интервенција и ампутација.
Покрај добрата гликорегулација со антидијабитици, физичка активност, правилна исхрана, инсулинска терапија, прекинување на пушење, контрола на крвен притисок, редукција на телесна тежина и контрола на хиперлипидемија е круцијално во прогнозата на пациентите со дијабетес.