Објавено на:

Чупиќ ја завршува играчката кариера

t

Легендарниот хрватски ракометар, Иван Чупиќ (38 години), на крајот од оваа сезона ќе стави крај на кариерата, но ќе се збогува само од активното играње, но не и од ракометот.

Тој веќе има 38 години и повеќе од две децении минати како професионалец, почнувајќи од матичниот Метковиќ, преку Медвешчак, Октавиа Виго, Горење Велење, Рајн Некар, Кјелце, Вардар и Загреб, каде што игра во последните три сезони. Чупиќ пет години беше дел од црвено-црниот табор (2016-2021) во кои двапати се искачи на европскиот трон, заедно со четири шампионски титули во Македонија, три пехари во Купот и имаше три победи во СЕХА лигата.

Десното крило во најдобрите години од кариерата беше меѓу најдобрите светски ракометари, а за неговиот квалитет говори и податокот дека во Лигата на шампионите постигна дури 810 гола. Со Хрватска освои дури седум медали од големите натпреварувања, но никогаш не дојде до златно одличје. Чупиќ по кариерата ќе се проба и во тренерската кариера, а каде и во која улога ќе објави по крајот на сезоната.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…

Будење со звукот на сирените за воздушен…

Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…

Во центарот на Општина Градско, под плаштот…

Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…

(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…

ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…

УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…