Приведени 16 странски државјанки во Гостиварско

Вчера во периодот од 01.20 до 02.45 часот, полициски службеници од Оддлението за прекуграничен криминал, странци и реадмисија Тетово и Полициската станица за граничен надзор Попова Шапка при Регионалниот центар за гранични работи „Север“ извршиле контрола во угостителски објекти во гостиварските села Врапчиште и Неготино, сопственост на Ф.Б. и С.Т., извести МВР.

Меѓу странските државјанки седум биле од Албанија, три од Косово, една од Србија и пет од Украина кои, како што се наацедува, престојувале спротивно на целта, односно го злоупотребиле туристичкиот престој.

Лицата биле приведени во ОВР Гостивар и против нив се поднесени барања за поведување прекршочна постапка по Закон за странци, а од страна на судот им се изречени парични казни и прекршочни санкции.