„БИЛ ДОВЕРЛИВ ИЗВОР, АМА БИЛ ВО ЏЕБОТ НА СРБИЈА“? - Ковачки откри текст за Димовски од Викиликс за 2001 година

Објавено во: Македонија 21 Ноември, 2022 07:26
Драган Ковачки, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, на својот Фејсбук профил објави дел од Викиликс на Џулијан Асанж. Таму е наведено дека директорот на Агенцијата за национална безбедносгт, Виктор Димовски во 2001 бил доверлив извор, но дека постојат гласини дека е во џебот на Србија.
„Ова е истиот директор Димовски кој Ковачевски сѐ уште го држи на позиција (да дозаврши уште што остана) и кој откако пратеници на ВМРО-ДПМНЕ побараа негова одговорност за случајот со издавањето на државјанство на рускиот шпион, рече дека го проверувал пратеничкиот морален кредибилитет. Ова ли е таа реформирана служба? Ова ли е реформираната АНБ предводена од Директор кој мисли дека е над народните избраници и чија основна задача е да одработува против опозицијата? Кој му даде право на директорот да се впушта во политика и да озборува пратеници на прес-конференција? – прашува Ковачки.
Тој го запраша премиерот Ковачевски дали гледа како се однесува за „ништо виновниот“ директор и зошто дозволува државата дополнително да губи на меѓународен углед?
Пратеникот Ковачки побара директорот на АНБ, Виктор Димовски да биде разрешен веднаш, а исто така да поднесе одговорност за својата работа.
Можеби ќе ве интересира
Одложено гласањето за извештајот за Македонија на барање на бугарските европратеници

ТЕШКО ПОВРЕДЕНИОТ ДАРКО ЗЛАТЕВ ПО ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ: „Ни лекови, ни поддршка, ни одговорност“

„Ракот не е смртна пресуда“: На Македонката Ана Марјановиќ болничките ходници ѝ станале дневна соба, гледала како пациентки се борат за надеж

„ГОЛЕМИНАТА НА ЛУЃЕТО СЕ ГЛЕДА КОГА СЕ НА ВРВОТ“: Ина Многуфина за економскиот раст порачува 'немојте со понижување да ги гледате'

„А ЗОШТО МИНИСТРЕ, НЕ ГО СПОМНУВАШ КОЦЕ ТРАЈАНОВСКИ?“ Јакимовски тврди дека дивоградби се граделе и во времето на поранешниот скопски градоначалник

ДОАЃА НЕВРЕМЕ ВО МАКЕДОНИЈА. Од утре, дестабилизирање на атмосферата

„УТРОВО МИ ЈАВИЈА ДЕКА СКОВАЛЕ ПЛАН СЕГА ДА ГО ДЕСТАБИЛИЗИРААТ СКОПЈЕ:“ Арсовска вели ете што ќе се случува денес

СМРТОНОСЕН, НО МАЛКУ ПОЗНАТ ВИРУС ПРЕДИЗВИКУВА ЕНЦЕФАЛИТИС: „Смртноста е многу висока“, д-р Горица Попова за Фактор

НЕ МОЖЕ ДА БАРАТЕ ОД НЕКОЈ ДА ГИ СТАВИ ВАШИТЕ ГРАЃАНИ ВО УСТАВ, А ВИЕ ТОА ДА НЕ ГО ПРАВИТЕ! Димитровски за бугарските условувања
