Игор Стојчевски ќе го суди Куп-финалето, судии од Србија во ВАР-собата!

Познати се судиите кои ќе го судат финалето од Купот на Македонија меѓу Вардар и Струга Трим Лум кое се игра во Скопје на 21 мај.

Главен судија на мечот е Игор Стојчевски(Скопје), a ќе му помагаат Дарко Јовчевски(Тетово) и Мартин Петковски (Куманово). Четврти судија на мечот е Јован Качевски (Струга).

Во ВАР-собата ќе има судии од Србија, тоа се ценетите арбитри кои имаат зад себе мечеви во Лигата на шампионите, тоа се Новак Симовиќ (Нови Сад) и Урош Стојковиќ (Београд).

Делегат на натпреварот Игор Франгоски (Скопје), додека контролор е Зоран Николовски (Скопје).