
Австралиската авиокомпанија „Quantas“ најави дека до крајот на 2025 година ќе го започне најдолгиот непрекинат комерцијален лет – од Сиднеј до Лондон за 19 часа.
По пет години планирање, компанијата објави дека нарачала 12 авиони Ербас А350-1000 за летови до далечните градови како дел од програмата Project Sunrise.
Тие летови ќе започнат од Сиднеј до крајот на 2025 година, а подоцна би можеле да бидат продолжени и во Мелбурн.
„Новите типови на авиони овозможуваат нови работи“, рече директорот на Quantas Алан Џојс во изјавата.
„A350 и Project Sunrise ќе го претворат секој град на само еден лет подалеку од Австралија“, додаде тој.
Quantas почна да тестира долги летови во 2019 година. Потоа беше извршен пробен лет, долг 17.800 километри меѓу Лондон и Сиднеј, кој траеше 19 часа и 19 минути. Истата година беше тестиран лет од 16.200 километри меѓу Њујорк и Сиднеј, кој траеше нешто повеќе од 19 часа.
Сингапур ерлајнс моментално има најдолг комерцијален лет. Од тој град до Њујорк се стигнува за помалку од 19 часа, што е растојание од околу 16.700 километри. Quantas веќе лета меѓу Перт и Лондон, што е околу 14.500 километри и трае 17 часа.
„Како што би очекувале, посебна работа се работи на дизајнирање на патничката кабина да биде што е можно поудобна за долг лет“, изјави Џојс. Quantas објави дека новиот авион А350 ќе прими 238 патници, а првата класа ќе нуди посебен кревет, фотелја и гардероба.
Сите патници ќе имаат на располагање зона наменета за „движење, истегнување и хидратација“. Квантас потврди дека нарачува и 40 авиони А321 XLR и А220 од Ербас. До крајот на 2034 година планира да купи уште 94 авиони од овие модели.
„Тие ќе бидат столбот на нашата домашна флота во следните 20 години и ќе придонесат за одржување на оваа земја во движење“, продолжи Џојс, додавајќи дека новиот авион ќе ги намали емисиите за најмалку 15 проценти.
„Од оваа пандемија излеговме како структурно различна компанија“, нагласи шефот на Квантас.
„Уделот на домашниот пазар е поголем, а побарувачката за директни меѓународни летови е посилна отколку што беше пред Ковид“, заклучи тој.