33.8 C
Скопје
18:17 - 19 јули, 2025

Гоца Тржан потресно ја откри својата тајна: „Секој ден му се извинувам на нероденото дете што не го виде животот“

Пејачката Гоца Тржан, во бракот со поранешниот сопруг Иван Маринковиќ ја доби ќерката Лена, додека со сегашниот сопруг Раша Новаковиќ со години се обидува да остане во блажена состојба.

Гоца неколку пати се подложила на ин витро оплодување, но за жал, тоа не вродило со плод. Сега, во емисијата кај Луна Џогани, откри дека пред да ја роди ќерката, имала прекин на бременост и дека до ден-денес не може да си го прости тоа.

„Најдобрата одлука во мојот живот беше што ја родив Лена. Најлошата одлука беше што ја прекинав таа бременост пред тоа, ме прогонува и ден-денес. Многу ми е жал што го направив тоа. Секој ден му се извинувам на моето неродено дете што не му дадов шанса да го види животот“, призна Гоца со солзи во очите и додаде:

„Можеби поради тоа не успеав да останам бремена повторно. Ако тоа беше судбината – да имам две деца. Космички гледано, јас имам две деца, само едното е со мене, а другото не…“

Инаку, пејачката еднаш откри дека не жали за бракот со Маринковиќ, бидејќи од него ја добила својата ќерка.

“Можам да ти кажам. Се омажив првпат. Но, да ти кажам, таа, под наводници, грешка ми ја донесе најголемата награда во мојот живот. И сè би повторила, само за да го имам своето дете,” искрено изјави Тржан.

Слични објави

(Фото) Северина го подигна вечерниот гламур на највисоко ниво – малку е да се каже дека фустанот е драматичен

Еспресо

Чомбе од „Луд, збунет, нормален“ ги живее најтешките денови: „Многу пати ми кажа дека ме сакаш…“

Еспресо

Здравко Чолиќ одбил да настапи за 50.000 евра: Не се согласил поради една причина

Еспресо

(Видео) Наташа Беквалац ги отстрани имплантите: Облече тесен фустан и ги покажа „новите“ гради

E.A.

„Добро се бакнува, но ме разочара“: Едита Арадиновиќ измамена на Ибица, дечко пробал да ја ограби

Еспресо

Почина Јосип Пејаковиќ еден од најпознатите босански актери

E.A.