Тешка несреќа, малолетно момче итно пренесено во болница

Возач на „Голф“ вчера удрил во малолетно момче кое возело тротинет во Тетово, по што детето е префрлено во болница со тешки повреди, соопшти МВР.

„На 27.04.2025 во 15 часот во СВР Тетово e пријавено дека на ул.„Киро Ристоски– Дрнц“ во Тетово, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки,

управувано од М.Ш.(59) од с.Шипковица, тетовско и електричен тротинет, управуван од малолетник од Тетово.

Во несреќата момчето се здобило со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Тетово.

Извршен бил увид“, велат од полицијата.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде