Бизнис
ВО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА НАМАЛЕНА СТАРОСНАТА ГРАНИЦА ЗА МАШИНОВОЗАЧИ
07.05.2025
Владата на Велика Британија одлучи да ја намали минималната возраст за машиновозачите од 20 на 18 години поради недостаток на работна сила, објави Министерството за транспорт (DfT).
Одлуката е донесена поради податоците што покажуваат дека 87 отсто од откажувањата на возењата е поради недостаток на машиновозачи.
Моменталната минимална возраст за влез во железничкиот сектор е 20 години, но просечната возраст на британските машиновозачи е 48 години, а дури 30 проценти од возачите се очекува да се пензионираат до 2029 година, пренесува Политика.