ПРВ.мк

Изет Меџити: Ќе нѐ мерите по завршени километри, не по потрошени зборови

Изет Меџити: Ќе нѐ мерите по завршени километри, не по потрошени зборови
Jumbo Banner

Пред само неколку години, единствените „градежни“ активности што ги гледавме беа гламурозни пресконференции и камери насочени кон ленти што никогаш не се пресечени со асфалт. 

Ништо не се градеше.
Денеска, наместо фотообјективи, околу нас трешти звукотна булдожери, багери и камиони. Ние не снимаме рекламниспотови – градиме иднина. Градиме патишта за нашиот народ.

Коридорот 8 е повеќе од пат. Тоа е европска артерија што ги поврзува Јадранот со Црното Море, го поврзува срцето на Балканот. Нашата стратешка одлука е јасна: Македонија јазавршува својата делница и ја носи Европа на Балканот, а Балканот – во Европа.

Со почетокот на овој автопат, го претвораме Полошкиот регион во раскрсница на можности и инвестиции, работни места, го скратуваме патот меѓу Скопје, Охрид и Струга, и ја приближуваме границата кај Ќафасан кон секој наш дом и секоја бизнис идеја што чека пазар. Создаваме можности да си ги вратиме децата дома.

Дозволете ми искрено да ѝ се заблагодарам на амбасадорката на САД, гѓа Ангела Агелер, за континуираната поддршка. Вашето присуство денес е доказ дека стратешкото партнерство меѓу Македонија и Соединетите Американски Држави не е само на хартија,туку и на чекан, бетон и челик. На работа и на инвестиции. Ви благодариме.

Исто така, благодарност до тимот на БехтелЕнка и достручните служби на Јавното претпријатие за државнипатишта. Без вашата експертиза, оваа визија немаше да стане конструктивен факт.

Не градиме само автопат – градиме доверба. Во исто време инвестираме во локални улици, канализациски и водоводнимрежи, училишта и амбуланти. Комбинацијата од државни и општински проекти значи дека секоја општина чувствува дека Владата е тука – со реални средства и реални резултати.

Оваа година Македонија е едно големо градилиште. Од Кривопаланечко до Ресенско, од тетовско до долненско, од дебарско, до струмичко – каде и да одите, ќе наидете на сигнализација за градилиште. Тоа не е случајност, тоа е план. Затоа што нашите граѓани заслужуваатинфраструктура што го скратува времето, ја зголемува безбедноста и го подобрува квалитетот на живот.

Денес поставуваме каментемелник на проект вреден 90 милиони евра, но вистинската вредност е немерлива:

* Секој спасен живот поради побезбеден пат.

* Секој нов бизнис што ќе одбере да инвестира тукапоради подобрена логистика.

* Секоја млада личност што ќе остане во регионотзатоа што можностите доаѓаат кај неа, а не обратно.*

Дозволете ми да завршам со едно просто ветување: Ќе нѐмерите по завршени километри, не по потрошени зборови. Денешниот темел е симбол на таа политика – политика на дела, а не на празни фрази.

Ви благодарам. Нека е со среќа и правата линија нека нѐ води до нови успеси!”, рече вицепремиерот Изет Меџити, се наведува во соопштението.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран