Вечерва салата во Македонската Филхармонија беше премала да нѐ собере сите. Благодарност за вашето присуство и за поддршката која ја добивам изминатиот период, соопшти Дарко Костовски градоначалник на Општина Бутел.
„На мој предлог а со одлука на Советот на Општина Бутел вечерва на овој свечен настан доделив плакети за почесни граѓани и благодарници на истакнати работници кои несомнено допринесоа за општина Бутел.
За прв пат општина Бутел доби почесни граѓани кои со своите ангажмани допринесоа за посебен развој на општина Бутел но и на Република Македонија. Луѓе кои си ја сакаат општина и татковината.
За почесни граѓани плакети им беа доделени на:
– постхумно му се додели плакета на господинот Петре Латиновски
– проф. д-р Аце Миленковски
– г. Мите Јовановски
– г. Масар Омерагиќ
– г. Шабан Трстена
– проф. д-р Аце Додевски
– проф. д-р Игор Николов
– д-р Борче Костовски
– д-р Енвер Идоски
– г. Александар Стефанов
– проф. д-р Даме Димитровски
– г. Дејан Георгиевски
– г. Елиф Елмас
Благодарници беа доделени за посебен придонес и соработка во областна на спортот, образованието и административната работа.
Понекогаш соништата стануваат реалност. Кога сонуваме треба да бидеме подготвени за притисокот кој доаѓа од остварениот сон.
Љубовта кон Бутел, кон својот дом и денеска ме води јасно кон зацртаните идеали од младоста.
Делата говорат!
Заедно градиме иднина за нашите деца. Поставивме стандарди за тоа како се раководи општина. Можело, сега јасно гледам дека можело!
Заедно градиме!
За општина Бутел!