Општество

По петти пат ќе се одржи фестивалот „Пикник у Пелинце“

Здружението за уметност и култура „Music Connecting People“ по петти пат го организира фестивалот „Пикник у Пелинце“, информираа денеска организаторите. Станува збор за музички фестивал што се одржува секое лето, а петото јубилејно издание е закажано за 21 и 22 јуни непосредно до Меморијалниот центар АСНОМ.

Годинава ќе настапат 33 изведувачи од земјава и странство. Публиката ќе ужива во техно-музиката, афро техно, инди денс, ќе настапат изведувачи за сечиј вкус.

– На целодневните настани е предвидено организирање на повеќе активности од областа на музиката, уметност, игри, како и камп зона. Ќе настапат локални и интернационални изведувачи кои ќе бидат задолжени за приредување на одлична забава за младите. Поддршка имаме од општините Куманово и Старо Нагоричане, изјави Јордан Алексиевски еден од организаторите.

За најмладите кумановци предвидена е и едукација која ќе ја спроведат стручни лица од едукативниот центар „Шаботиќ“. И годинава ќе има автобуски превоз, линии од Куманово (спортска сала) до Пелинце, термините можат да се видат на социјалните мрежи и веб-страната на организаторите.

Изминативе години  фестивалот го посетиле над 12.000 посетители од земјава и странство. „Пикник у Пелинце е поддржан“ и од општествено-одговорни компании.


 

Извор/фото МИА 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано