Полскиот премиер Доналд Туск денес изјави дека бара гласање за доверба во парламентот, бидејќи е убеден дека неговата влада има мандат да продолжи со својата работа.
„Барам гласање за доверба бидејќи сум убеден и сигурен дека имаме мандат да владееме, да преземеме целосна одговорност за она што се случува во Полска“, рече Туск за време на обраќањето пред парламентот, според агенцијата ПАП.
Полскиот парламент, Сејмот, утрово започна да разгледува предлог за гласање за доверба на владата, откако кандидатот на Граѓанската коалиција Рафал Цашковски, кој е близок до Туск, беше поразен на претседателските избори на 1 јуни од националистот Карол Навроцки.
И покрај ова, владата на Туск сè уште има парламентарно мнозинство и се очекува да го „преживее“ гласањето.