06.06.2025 03:39
Вести Македонија Топ вести

Македонскиот аграр има потреба од нов начин на субвенционирање велат од земјоделските здруженија

Македонскиот аграр има потреба од нов начин на субвенционирање, велат од земјоделските здруженија. Ристо Велков од Регионалниот сојуз на земјоделски синдикати смета дека досегашниот начин на субвенционирање не ги дал очекуваните резултати, ниту по квалитет ниту по квантитет на производството. Тој предлага да се состави нов модел кој е особено важен за градинарите кои садат по две култури на една површина, а добиваат субвенции само за првата култура.

Премиерот Мицкоски денеска од Радовиш рече дека наследиле тотален хаос во делот на земјоделието и субвенциите и дека тоа во следниот период дополнително ќе се решава, иако расчистиле дел од насобраните обврски и проблеми.

Агриексперти исто така предлагаат следење на субвенционирањето и навремено реагирање и пренасочување на средствата. Тие сметаат дека во последниве 16 години субвенциите можеле да дадат далеку поголеми резултати и значително да се намали увозот на храна. Причините за тоа ги лоцираат во неадекватната распределба но и во недоволната едуцираност на земјоделците.

Сузана Мицева

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Македонскиот фолклор инспирација за дуо „BudaPesme“ од Будимпешта

Дејан Дејан

„Макпетрол“ организира „Крени глас“ работилници за родителите од Охрид и Струга

Дејан Дејан

Политички пораки и славенички фрази од Ахмети – лидерот на ДУИ се обрати пред чаирчани, на 23-годишнината од формирањето партијата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе