Лига на шампиони
Искусниот дефанзивец на Интер се враќа за финалето: Владее чувство за одмазда во соблекувалната

Бенжаман Павар не беше дел од тимот на Интер кој загуби од Манчестер Сити во големото финале пред две години, но тврди дека сите во соблекувалната се посебно наострени за избегнување на слично сценарио, особено поради лекцијата која била научена во Истанбул.
Искусниот десен бек се враќа после повредата која го оддалечи од полуфиналињата и ќе биде избор плус за Симоне Инѕаги, па иако има максимален респект за она што го сработи Луис Енрике со ПСЖ оваа сезона, вели дека во финалето нема да има никакви симпатии кон францускиот првак.
– ПСЖ е фантастичен тим, тоа го покажува со години, а оваа сезона се уште поконстантни од било кога. Имаа солидна група на играчи и извонреден тренер, еден од најдобрите во светот. Играат добар фудбал и уживање е да се гледаат, но во сабота нема да ги гледаме како играат.
– Ќе има периоди кога ќе страдаме на теренот, но не сум загрижен за финалето. Имаме искусни фудбалери кои се навикнати да страдаат и да се справат во тешки ситуации. Голем број од играчите сакаат одмазда за загубеното финале од Манчестер Сити. Тој пораз ги научил многу нешта, тимот е уште посилен после тоа.
– Може да оствариме нешто навистина големо, за многумина ова може да биде последна шанса во Лигата на шампиони. Јас веќе сум горд на тоа што го остварив во кариерата, но не смееме да ја пропуштиме оваа шанса, – вели Павар.
-
Англија11 часа
Стоперот на Арсенал има големи планови: Се надевам дека ќе освоиме сѐ
-
Италија11 часа
Белгијците разочарани од Таре: Клуб Бриж ја одби и последната понуда на Милан за Јашари
-
Шпанија15 часа
Чаби ќе има тежок испит во месец август: Пет фудбалери на Реал „висат“ за новата сезона
-
Англија8 часа
Тен Хаг останува со празни раце: Џака си ја оствари желбата и се враќа во Премиер лигата
-
Шпанија15 часа
Рашфорд со прва изјава по дебито за Барса: Откри што очекува од Флик и ја посочи својата омилена позиција
-
АТП14 часа
Де Минор доби неверојатна драма во финалето во Вашингтон, па покажа класа со реакцијата кон ривалот (Видео)
-
Италија13 часа
Агентот на Веа го впери прстот: Еден директор на Јувентус го блокира трансферот на Тимоти
-
Англија14 часа
Аморим објасни зошто фановите на Јунајтед ќе мора да почекаат за дебито на Мбеумо