петок, 16 мај 2025
Голем дел од граѓаните заминаа за 1 ви мај на плажа

Гужви на „Богородица“, си го споија и петок за да поминат продолжен викенд во Грција на море

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. За влез во Грција камерите на „Македонија пат“ на граничниот премин „Богородица“ покажуваат долги колони, а многу од граѓаните си земаа слободен ден во петок и си врзаа четири дена продолжен викенд на море. Им се погоди 1 ви Мај, државен празник во четврток, па најдоа чаре пак да си одморат на плажа неколку дена. Но, колоните до морето се долги.

Објавено на

часот

Сподели

Се бележи зголемена фреквенција на возила на граничните премини „Табановце“ за влез и на „Богородица“ за излез од државата, времето е на чекање е околу 30 минути.

На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ