15 Мај, 2025
0.0396

КОЧОСКА ЗА КАВГАТА СО ПЕТРОВСКА: Оставете на времето, за многу скоро ќе ви биде јасно зошто се случуваа сите овие работи

Објавено во: Македонија 06 Март, 2025 15:39

Добивај вести на Viber

Наскоро ќе ви биде јасно зошто се случуваа овие работи, вели министерката за економија, Гордана Димитриеска-Кочоска за вербалниот судир со пратеничката од СДСМ, Славјанка Петровска во Собранието.

Таа денеска уште еднаш повтори дека за неа веќе е затворено прашањето поврзано со Петровска во Собранието минатиот четврток, но и дека наскоро на сите ќе им биде јасно зошто се случувало тоа.

„Жалам што имаше таков дефокус во однос на тоа што јас го кажав од говороницата и како беше интерпретирано. Неколку пати повикав на тоа луѓето да ја ислушаат целата комуникација во Собранието и самите да носат заклучоци“, рече Димитриеска-Кочоска. 

Вели би се извинила ако згрешила, но воопшто немало таква намера, да навреди, туку говорела за трошоците за живот. 

„Оставете на времето, за многу скоро ќе ви биде јасно зошто се случуваа сите овие работи“, вели Димитриеска-Кочоска.

Инаку, СДСМ бараа извинување, но и оставка од министерката. Таа на седница ја праша Петровска со кое право ги става во уста мајките и како знае колку троши едно семејство кога нема деца. Петровска рече дека со овој говор, министерката сакала да ја омаловажи, но таа не ја примила навредата. Петровска кажа дека ќе се жали за дискриминацијата до соодветната комисија. За однесување на министерката имаше серија осуди. 

Можеби ќе ве интересира

Ќе се сечат 113 дрва во Градскиот парк во Скопје

Ќе се сечат 113 дрва во Градскиот парк во Скопје

ЗАГИНАЛЕ 457 ЛИЦА ВО СООБРАЌАЈКИ ЗА САМО ДВЕ ГОДИНИ - ревизорите за состојбите во сообраќајот, најмногу несреќи во Скопје и Тетово

ЗАГИНАЛЕ 457 ЛИЦА ВО СООБРАЌАЈКИ ЗА САМО ДВЕ ГОДИНИ - ревизорите за состојбите во сообраќајот, најмногу несреќи во Скопје и Тетово

„ОВА ЌЕ БИДЕ МОЖНОСТ САМО ЗА БОГАТИТЕ, НЕ ЗА ОБИЧНИОТ ГРАЃАНИН“: Исмаил со критика за Законот за енергетика

„ОВА ЌЕ БИДЕ МОЖНОСТ САМО ЗА БОГАТИТЕ, НЕ ЗА ОБИЧНИОТ ГРАЃАНИН“: Исмаил со критика за Законот за енергетика

„ТИЕ ШТО ГО СОЗДАДОА ОВОЈ ХАОС, СЕГА НАМЕРНО ЈА КОЧАТ СОРАБОТКАТА“: Градоначалникот на Кочани открива

„ТИЕ ШТО ГО СОЗДАДОА ОВОЈ ХАОС, СЕГА НАМЕРНО ЈА КОЧАТ СОРАБОТКАТА“: Градоначалникот на Кочани открива

„БОЈКОТ НА НАСТАВАТА НЕ Е РЕШЕНИЕ, ПРОБЛЕМ Е ИНКЛУЗИЈАТА КОЈА НЕ ДАВА РЕЗУЛТАТИ“: Што предлага дефектолог за последните настани со насилен ученик?

„БОЈКОТ НА НАСТАВАТА НЕ Е РЕШЕНИЕ, ПРОБЛЕМ Е ИНКЛУЗИЈАТА КОЈА НЕ ДАВА РЕЗУЛТАТИ“: Што предлага дефектолог за последните настани со насилен ученик?

КОЛКУ И ДА Е ДОБАР ЗАКОНОТ, АКО Е ОД ОПОЗИЦИЈА, ЌЕ ПАДНЕ: Петровска за законот за Кочани на СДСМ

КОЛКУ И ДА Е ДОБАР ЗАКОНОТ, АКО Е ОД ОПОЗИЦИЈА, ЌЕ ПАДНЕ: Петровска за законот за Кочани на СДСМ

„ТЕФЕРИЏ ПАК РАСЦВЕТА“: Фотографии од распукан асфалт осамнаа на социјалите мрежи како предупредување

„ТЕФЕРИЏ ПАК РАСЦВЕТА“: Фотографии од распукан асфалт осамнаа на социјалите мрежи како предупредување

ДРАСТИЧНА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО: УХМР со предупредување

ДРАСТИЧНА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО: УХМР со предупредување

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Семејството на Фросина Кулакова бара Судскиот совет да покрене дисциплинска постапка за судијката

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Семејството на Фросина Кулакова бара Судскиот совет да покрене дисциплинска постапка за судијката