02.06.2025 17:49
Вести Свет

Белорускиот претседател предлага мировни преговори во Минск

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, предложи мировните преговори за Украина да се одржат во Минск, со учество на американскиот претседател Доналд Трамп, рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Предлогот беше изнесен во интервју со инфлуенсерот Марио Науфал, објавено денеска, а снимено на 27 февруари од белоруската новинска агенција „БелТА“.

Кажете му на Трамп дека го чекам овде, заедно со Путин и Зеленски, изјави Лукашенко, додавајќи дека „ќе седнат и мирно ќе се договорат“.

Според него, потребен е договор со Зеленски, бидејќи „голем дел од украинското општество стои зад него“.

Лукашенко позитивно ги оцени напорите на Доналд Трамп за запирање на војната во Украина, истакнувајќи дека тој „веќе презема конкретни чекори за нејзино завршување“.

Интервјуто беше објавено по изјавата на Трамп дека добил уверување од Зеленски за подготвеност да преговара за „траен мир“ со Русија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Речиси 50 проценти од возрасните мажи и 27 проценти од возрасните жени во Македонија се пушачи

Дејан Дејан

Агенцијата не носи ниту брише решенија по сопствена волја – вели директорот на Катастар

Дејан Дејан

Една изборна единица прифатлива за сите – дилеми околу другите прашања поврзани со изборите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе