Променливо облачно и нестабилно, од вторник пад на температурите
Времето денеска во Скопје ќе биде променливо облачно, попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Слично време и низ целата земја со утрински температиру од 6 до 12 степени, а дневни температури од 12 до 25 степени.
Утре времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, наместа поројни проследени со грмежи, локално во форма на краткотрајно невреме. Во вечерните часови и во текот на ноќта на повисоките планини на северозапад со врнежи од повремен снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се движи од 2 до 8, а максималната од 12 до 21 Целзиусов степен. Од вторник се пропгнозира пад на температурите за 10 степени.