еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Приватните автобуси на линиите 19, 20, 22, 52 и 54 и денеска не сообраќаат поради неисплатен долг

Приватниот превозник на автобуски градски превоз „Макекспрес“ и денеска не сообраќаа на линиите 19, 20, 22, 52 и 54, поради неисплатен долг од страна на ЈСП „Скопје“ и Град Скопје.

Денеска се очекува средба со претставниците на ЈСП и Град Скопје.

Веќе втор ден автобусите од „Макекспрес“ не се излезени да сообраќаат поради тоа што, како што тврдат, немаат средства.

Сопственикот на претпријaтието, Милорад Димитријевски во изјава за МИА истакна дека денеска очекуваат средба со претставници од ЈСП и Град Скопје.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Каков имот пријавил градоначалникот Јакимовски, кој заработи кривична за злоупотреба на службената должност и овластување

Редакција

„Пијан сообраќај“ во Повардарието: За шест часа казнети 18 алкохолизирани возачи

Редакција

Српски Телеком преку компанијата Мтел влегува на пазарот во Македонија

Редакција