Денеска пред споменикот на паднатите борци од НОАВМ, во Малиот градски парк, во организација на Општина Струмица беше одбележан 9 Мај-Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа.

За значењето на празниците говореше градоначалникот Костадин Костадинов.

- Го одбележуваме денот кога ја славиме симбиозата помеѓу мирот и обединувањето. Истата ја чувствуваме како слободни граѓани, сеќавајќи ги хероите во минатото, поклонувајќи се на сите подвизи и чинења со кои е создаден народот познат како „пиреј“, народ кој слободата не ја остава случајно на иднината и народ кој достоинствено се бори за сите права и привилегии, преку сопствените одговорности и аспирации. Денешниот ден, 9 Мај, е кулминација над фашизмот и претставува фундамент на кои беа поставени темелите на денешната Европска Унија, рече Костадинов.

Пред споменикот на паднатите борци од НОАВМ беше положено цвеќе, а членови од рецитаторската секција при Домот за деца и млади „Благој Мучето“ одржаа рецитал инспириран од двата историски датуми.


Администратор
09/05/2025 13:47