Раководството на Милан е на добар пат да заврши огромна работа откако го договори враќањето на Масимилијано Алегри на клупата на „росонерите“.
Откако во ланската сезона се експериментираше со Фонсека и со Консеисао, одлуката е овојпат кормилото да му биде дадено на проверен стратег кој знае како се освојуваат трофеи во италијанскиот фудбал. Како што информира „Спортмедиасет“, последната рунда разговори минала крајно успешно, откако Алегри начелно прифатил двогодишен договор за загарантирани пет милиони евра по сезона.
Овој стратег беше поврзуван и со клупата на Наполи, но откако Де Лаурентис јасно стави до знаење дека ќе стори се за да го задржи Конте, Алегри даде приоритет на преговорите со Милан.
Овој стратег седеше на клупата на „росонерите“ од 2010 до 2014 година, период во кој стигна до едно шампионско скудето и еден трофеј во Супер-купот на Италија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА