
Годинава за прв пат во Македонија започна проектот „Збор на годината“ од страна на Балканскиот институт за култура и хуманистички науки од Скопје.
Д – р Емил Ниами, раководител на проектот и лингвист изјавил дека поминале многу часови со својата група на млади истражувачи во период од ноември до декември кога извршиле истражување на користењето на зборовите во весници, списанија, вести, социјални медиуми, радио и телевизија со читање и слушање, а потоа и во анализа на собраниот материјал.
Според добиените резултати зборот „вакцинација“ е на првото место на користени зборови кај нас, а потоа следуваат и: „антитела“, „акција“, „протокол“, „иновации“.
А јас сепак мислев дека ќе биде „корона.“