Немили сцени го одбележаа натпреварот од женската одбојкарска лига меѓу Работнички – Струмица. Блокерот на Струмица, Александра Шчекиќ ја поздрави публиката на Работнички со „среден прст“, а недолично се однесуваше и кон домашните играчи.
Бранителот на титулата во домашниот одбојкарски шампионат во женска конкуренција, екипата на Работнички, ја оствари и втората победа во финалето на плеј-офот против големиот ривал Струмица. Вечерва на домашен терен во малата сала на СЦ „Борис Трајковски“, одбојкарките на Работнички и вторпат за само неколку дена славеа против неприкосновениот лидер во регуларниот дел од сезоната со 3:0 и дојдоа на чекор до новата шампионска титула.
Струмичанки како и на првиот меч одиграа цврсто, но во решавачките моменти немаа нерви за да дојдат до полн успех. Вистинска драма имаше во првиот сет кој Работнички го доби на разлика, но и во следните два видовме неизвесна одбојка до самиот крај.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата