Забава
(Фото) Три летни модни комбинации на Ана Ивановиќ

Ана Ивановиќ е модна инспирација со години, дури и за време на нејзините тениски денови, нејзината вродена елеганција и убавина отсекогаш биле тема на многубројни глобални медиуми.
Познатата српска тенисерка Ана Ивановиќ отсекогаш важела за една од најубавите спортистки. Откога реши да се пензионира и да го остави рекетот настрана, многу повеќе се посвети на модата и убавината, што го покажуваат нејзините објави на „Инстаграм“.
Убавата Србинка неодамна е во центарот на вниманието поради наводниот развод, но сепак сè уште не коментирала на темата, па затоа сè е уште на ниво на претпоставки.
Со оглед на тоа што веќе неколку месеци е поактивна од вообичаено, таа потсети многумина дека не треба многу за совршен стил, доволни се едноставноста и умереноста.
Ана отсекогаш покажувала природна убавина, а нејзините објави се секогаш без никаков филтер.
Подолу ви ги донесуваме нејзините три идеи за одличен летен изглед.
Цветни мотиви
View this post on Instagram
Провокативно, но одмерено
View this post on Instagram
Цвеќиња, но и прорези на фустанот
View this post on Instagram
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Бајага се огласи првпат по откажаните концерти во Хрватска

Момчило Бајагиќ-Бајага се огласи за прв пат откако беа откажани неговите концерти во два хрватски града – Сисак и Солин.
На 1 август, пак, ќе одржи концерт во Пула, во Малиот римски театар.
„Ниту се обидов да разберам, ниту можам да разберам. Никогаш во животот не сум бил вклучен во политика и сум фокусиран само на прекрасно дружење со публиката во Пула“, рече музичарот во интервју за Нови лист.
„Пред неколку концерти ја освеживме листата на песни и сигурни сме дека публиката во Пула ќе биде многу задоволна и едвај чекаме“, додаде тој.
За потсетување, првиот концерт на Бајага во Сисак, кој требаше да се одржи на 4 јуни за да се прослави Денот на градот, беше откажан. Информацијата ја потврди менаџерот на групата Драгослав Гане Пецикоза за локалниот портал Sisak.info.
„Веќе имаме свирено во Сисак и сè помина без проблеми. Објаснувањето е дека новата влада ја најде својата каса празна и нема пари. Мислам, немаме друг избор. Тоа го кажаа. Имаме договор од јануари, но нема причина да тужиме или да се жалиме“, рече тој.
Потоа беше откажан и концертот на Бајага во Солин, кој требаше да се одржи во петок, 22 август 2025 година.
„Ве известуваме дека концертот на бендот Бајага и Инструктори, кој требаше да се одржи во петок, 22 август 2025 година, како дел од овогодинешниот Кава Фест, е откажан поради безбедносни и технички причини“, објави Кава Фест, кој се одржува во рамките на Солинското културно лето.
Но, Далматинскиот портал дознава дека организаторите наводно со недели биле под притисок од одредени здруженија и групи кои сè уште го сметаат Бајага за политички непожелна личност – без оглед на фактот дека истиот бенд и истиот музичар се редовни гости на хрватските сцени со години, од Пула до Дубровник. На крајот, притисокот си го направи своето и концертот беше откажан.
Забава
И шефицата на одделот за човечки ресурси поднесе оставка по мегаскандалот на концертот на „Колдплеј“

Шефицата на одделот за човечки ресурси во американската технолошка компанија „Астрономер“, Кристин Кабот, поднесе оставка откога беше снимена како го прегрнува сега веќе поранешниот извршен директор на компанијата, Енди Бајрон, на концерт на „Колдплеј“.
Компанијата потврди за Би-би-си дека Кристин Кабот повеќе не работи во „Астрономер“, само неколку дена откако Енди Бајрон исто така поднесе оставка. Неговото заминување дојде откога „Астрономер“ објави дека ќе биде ставен на отсуство и под истрага.
Скандал што го обиколи светот
Скандалот што доведе до вакви последици се случи на 16 јули на концерт на „Колдплеј“ во Бостон. Во тоа време Бајрон и Кабот беа прикажани на големиот екран на „Кис кам“ додека стоеја во публиката прегрнувајќи се.
Кога сфатија дека се во кадарот, двајцата одеднаш се повлекоа назад и се обидоа да си ги скријат лицата, што предизвика бура од коментари на социјалните мрежи.
Ситуацијата дополнително ја зачини пејачот на бендот, Крис Мартин, кој се пошегува со публиката: „Погледнете ги! Или имаат афера или се навистина срамежливи“.
Последиците од аферата
Енди Бајрон беше првиот што се соочи со последиците од своето неверство – првин неговата сопруга Меган го избриша неговото презиме од социјалните мрежи, а потоа, кога неговата милијардерска компанија „Астрономер“ почна внатрешна истрага, тој самиот поднесе оставка од функцијата извршен директор.
Фото: Принтскрин
Забава
(Видео) Романтична свршувачка на плажа прекината од нешто неочекувано, снимката насмеа многумина

Млад човек решил да ѝ предложи брак на својата девојка на брегот на море во присуство на блиски пријатели и сè било совршено сè додека не се појавил неочекуван гостин.
Видеото од романтично барање на раката на плажата во Умаг во Истра стана вистински хит на „Тик-ток“ собирајќи над 12 милиони прегледи, и тоа не благодарение на младиот пар, туку на случаен минувач од морето.
Пливач излегол од морето – и ја засенил претставата.
Токму оваа спонтана и привлечна реакција предизвика бран ентузијазам кај корисниците на „Тик-ток“, кои изразија симпатии и се шегуваа за него во коментарите.
Фото: принтскрин